Неандерталците биле вистински сексуални манијаци

376

Нашите предци биле поагресивни, имале развиен натпреварувачки дух и биле повеќе промискуитетни отколку денешниот современ човек.

Научниците кои ги проучувале фосилите откриле дека неандерталците во периодот на растењето биле под влијание на тестостерони, поради што однесувањето им било поагресивно.

Тоа значи и дека биле повеќе склони кон започнувње караници за понежниот пол и воспоставување хиерархија, како и дека оној кој е на врвот на социјалната скала имал повеќе партнерки.

Еден тим на научници од Ливерпул, Оксфорд, Саутемптон и Калгари, проучувал фосилни коски од рацете на изумрените мајмуни, неандерталци и човеколики мајмуни, со цел да ја откријат работата на хормоните.

Познато е, доколку домалиот прст е подолг, толку повеќе фетусот бил изложен на влијанието на тестостеронот во матката. Неандерталците имале подолг домалиот прст отколку денешниот човек.

“Тоа значи дека неандерталците биле многу промискуитетни и агресивни, поради дејството на тестостеронот,” заклучува д-р Сузан Шулц од Оксфорд.

Сега знаеме дека должината на средниот прст не е важна.