Застрашувачкиот масовен колеж од 1922 година можеби никогаш нема да биде решен

279

Грозоморниот масакр на фармата и 99 години подоцна е – мистерија.

Убиствата во Hinterkaifeck се случиле под мистериозни околности и никогаш не биле решени. Истрагата открила дека убиецот со денови живеел во куќата на убиените.

Приказната за масакрот на цело германско семејство започнала со неколку необични настани. Едно утро, таткото забележал траги од чизми кои воделе од шумата до задната врата од неговата куќа. Неколку ноќи по ред од таванот доаѓале чудни звуци кои семејството ги припишувале или на ветрот или на мачката на соседот.

На масата во кујната едно утро се појавил весник, а потоа исчезнал и клучот од куќата.

Ова се случило во 1922 година на фармата на Andreas Gruber, кој живеел со своето семејство во Hinterkaifeck, место на околу 95 километри од Минхен, пишува Io9.com.

Фармерот им кажал на пријателите за сето тоа уз пиво, а потоа следното утро исчезнал. Тој е убиен, исто како и целото негово семејство – неговата сопруга Cazilia, ќерката Viktoria, внуците Cazilia и Josef, и куќната помошничка Maria Baumgartner.

Целото семејство е убиено на крајно брутален и болен начин – со копач.

Приказната за убиството и мистериозните околности брзо се прошириле низ Германија, а јавноста побарала случајот што поскоро да се реши.

Истрагата покажала дека Andreas, Cazilia, Viktoria и малата Cazilia биле убиени во шталата. Убиецот потоа влегол во куќата и со голи раце го убил малиот Josef во собата на неговите родители. Последна која била убиена била слугинката.

Околностите се пострашни од самото убиство

Телата на семејството биле пронајдени само неколку дена подоцна кога наставничката била загрижена дека Cazilia не се појавила на училиште. Полицијата прво се посомневала во грабеж, но таа можност веднаш била отфрлена бидејќи во куќата останале сите вредни предмети како пари и накит.

Сослушани се повеќе од сто осомничени, но неколку истраги не дале никаков напредок. Освен самото убиство, ова злосторство и денес ја скокотка фантазијата поради крајно неверојатните околности.

Имено, утврдено е дека убиецот по извршувањето на делото уште неколку дена мирно живеел на имотот. Тој спиел во креветот на фармерот, ги готвел неговите оброци и се грижел за стоката и целата фарма. Дури и го пуштил кучето преку ден, а навечер го викал дома.

Со оглед на тоа дека масакрот на семејството Hinterkaifeck се случил во далечната 1922 година, се поверојатно е дека случајот никогаш нема да биде разјаснет.