Страшните суштества од Пацификот | Сирените предизвикале внимание по музеите, но потоа исчезнале

319

До денес не е јасно дали пацифичките рибари ги чувале за церемонии или за профит, но познато е дека „Сирените на Фиџи“ биле најбараната циркуска изложба во 19 век.

Мора да се признае дека Phineas Taylor Barnum е најпознат по неговата поговорка „секоја секунда се раѓа нова будала“, што би требало многу да зборува за веродостојноста на сирената.

Сепак, иако е очигледно дека тоа е опашка од риба сошиена на торзото на мајмун, за тогашните луѓе, „Сирените на Фиџи“ денес би биле нешто како „Игра на тронови“.

Иако P.T. Barnam знаел дека станува збор за измама, тој мајстор на шоубизот и спектаклот (кратка илустрација за бизнис генијалец – на постерот за да опише огромен слон во својот циркус, зборот „џин“ не му изгледал доволно добар, па едноставно измислил нов, кој и денес го користиме – џамбо) знаел дека сирените ќе станат хит.

Првично, извесен Samuel Barrett Edes купил сирена од јапонски морнари во 1822 година за 6.000 долари (што би било повеќе од денешните 120.000 долари). Таа била изложен во лондонскиот музеј до неговата смрт, а потоа неговиот син ја преставил на P.T. Barnam, кој веднаш знаеле дека пред себе има хит.

Со оглед на тоа дека музејот на Barnamповеќе пати горел, оригиналната сирена ја губи својата трага, но, исто како и наивните, сирените продолжиле да се „раѓаат“ во рацете на измамниците.