Масло од семки од тиква

210

Маслото од семки од тиква најчесто се употребува како состојка за сосови за салати, а некои луѓе го додаваат во супите и другите јадења, со цел да го сменат вкусот и јадењето да го збогатат со хранливи материи.

Исто така, ова масло се употребува и како состојка во производите за убавина, бидејќи е богато со омега 3 масни киселини, антиоксиданти и витамин Е. Можете да го употребувате за различни работи, ако го чувате во фрижидерот, можете да го употребувате на вашата коса, лице и да го ставите во салатата.

Дознајте кои се придобивките од маслото од семки од тиква.

Ја намалува болката од артритис

Маслото од семки од тиква содржи антиинфламаторни состојки кои им помагаат луѓето кои имаат артритис. Само една лажичка од маслото додадена во исхраната може да го намали воспалението во зглобовите и да ја намали болката.

Одлично е за косата

Поради тоа што содржи голем број на состојки, ова масло е одлично за вашата коса. Истражувањата покажале дека маслото може да го спречи производството на ензимот кој е задолжен за успорување на растот на косата. Маслото од семки од тиква е богат извор на фолна киселина, витамин Е и омега 3 масни киселини, кои се многу важни за косата.

Го намалува холестеролот

Ако додадете од ова масло во храна со висок холестерол., тогаш ќе спречи телото да апсорбира од лошиот холестерол. Тоа е поради високото ниво на фитостероли кои ги има во маслото, за кои е докажано дека ја намалуваат апсорпцијата на холестеролот.

Ги заштитува очите

Комбинацијата на масни киселини и антиоксиданти кои ова масло ги содржи, ги штити очите од светлата сончева светлина и од макуларна дегенерација. Маслото содржи важни антиоксиданти за очите.

Лосион за тело

Може да се употребува и како лосион за тело, бидејќи масните киселини се одлични за кожата. Некои луѓе велат дека маслото од семки од тиква е новото кокосово масло. Тоа исто така е антиинфламаторно и може да се употребува за намалување на црвенилото и дамките на кожата поредизвикани од акните и други кожни иритации.

Спречува појава на камен во бубрезите

Маслото од семки од ткива овозможува подобар проток на водата низ организмот и го спречува притисокот од бубрезите и мочниот меур. Поради тоа, ова масло се верува дека го намалува ризикот од појава на камења во бубрезите.

Го подобрува имунолошкиот систем

Покрај тоа што го подобрува имунолошкиот систем, добро е и за мозокот. Маслото од семки од тиква е богато со цинк, кој му е потребен на телото за да ги обнови клетките и да создава нови.