Еве како да се ослободете се од темните подочници на природен начин

269

Подочниците најчесто се појавуваат како последица од недостаток на сон, нездравите животни навики, честото седење пред монитор, сувата кожа, честото плачење, како и претераната консумација на кофеин и никотин.

Кожата во овој предел од лицето е многу нежна, па затоа подочниците повеќе доаѓаат до израз.

Овие неколку совети ќе ви помогнат за брзо време да се ослободите од темните подочници.

Пијте повеќе зелен чај

За почеток пробајте кафето да го замените со зелен чај. Доколку пиете кафе повеќе пати во денот, тогаш е подобро да го замените со зелениот чај, бидејќи тој опушта и е здрав за вашиот организам. Исто така, се препорачува да се пие наутро. Тој содржи кофеин, па затоа може и побрзо да ве расони. Зелениот чај содржи антиоксиданти кои ја хранат кожата и го спречуваат нејзиното сушење и стареење.

Консумирајте повеќе зеленчук

Препорачливо е спанаќот и брокулата да бидат дел од вашата секојдневна исхрана, бидејќи содржат железо кое ја подобрува циркулацијата. Исто така, тие се одлични во борбата против подочниците. Колку ви е подобра циркулацијата, толку повеќе крвта ќе се движи, а со тоа ќе се намали и темната боја околу очите.

Пијте доволно вода

Темните кругови се последица и од недостаток на вода. Затоа, пијте што повеќе вода! Препорачливо е дневно да се внесуваат околу 2 литри вода. Најдете начин да не заборавате во текот на денот да го внесувате потребното количесто и за брзо време ќе забележите позитивни промени.

Спијте на грб

Спиењето на грб е препорачливо бидејќи на тој начин вашето лице не е потпрено на перницата и со тоа се спречува појавата на брчки. Истото важи и за подочниците. Кога спиете во оваа позиција, ништо не се задржува под вашите очи и капаците и затоа ќе се разбудите посвежи и помалку отечени.

Маска од магдонос

Магдоносот е богат со витамините Ц и К, кои позитивно влијаат на вашата кожа. Затоа, направете маска од магдонос и топла вода, земете памукче и третирајте ги подочниците.

Употребувајте креми за делот околу очите

Кожата околу очите е најтенка, а со тоа и најчувствителна. Поради тоа ѝ е потребна редовна нега, преку ден и навечер. Одберете квалитетни креми и грижете за кожата околу вашите очи.

Ладни облоги

Сè што е ладно може да ви помогне за намалување на подуените подочници. Затоа, практикувајте ладни облоги, без разлика дали тоа ќе биде мраз, краставица, компир, студена лажица и слично.