Хороскопски знаци кои не заслужуваат доверба

1104

Од страв да не ги разочараат другите или едноставно затоа што не им е грижа, четири хороскопски знаци се познати по тоа дека лесно ја прокоцкуваат довербата, пишува сајтот Your Tango.

Близнаци

Кога Близнаците ветуваат нешто, имаат намера да го исполнат тоа. Меѓутоа, тие постојано се обидуваат повеќе отколку што можат да направат, па затоа се преоптоваруваат со сè што треба да сторат.

Кога ветуваат нешто, не размислуваат дали навистина можат да го направат тоа. Тешко им е да останат фокусирани на задачата. Тие се плашат дека нема да наидат на одобрување и дека ќе изневерат некого, па ќе ветат нешто само за да дадат ветување.

Водолија

Водолијата може да вети нешто само за да го добие она што го сака. Таа ги користи ветувањата како валута и нема гаранција дека ќе го одржи својот збор. Може да биде вистински манипулатор.

Понекогаш Водолијата е понедоследна отколку што би сакале, особено кога станува збор за ветувања. А ако се под притисок да ги исполнат, поголема е веројатноста да не го сторат тоа.

Вага

Вагите имаат потреба да удоволат и сакаат сите да ги усреќат. Тие сакаат да ги гледаат како некој на кој може да му се верува и некој кој е сигурен, па затоа даваат ветувања кои веројатно нема да ги исполнат.

Би било многу подобро за Вагите да бидат искрени и да признаат дека не сакаат да сторат нешто, но се плашат дека на тој начин ќе си направат проблем.

Риби

Рибите се многу љубезни и сакаат да им помогнат на сите на кои им е потребна помош. Проблемот е во тоа што тешко кажуваат „не“. Тие можат да се согласат на сè и ветуваат на сите страни. Но, кога ќе дојде време да ги исполнат, Рибите се преоптеретени и премногу зафатени за да исполнат барем половина од ветувањата кои ги имаат дадено.

Риби се идеалисти и сакаат да се гледаат себеси како некој кој ги одржува сите свои ветувања, но на крајот, се се сведува на фактот дека тие не се семоќни и дека никој не би можел да го стори сето тоа.