Помеѓу недостатокот на сон и сексот има врска

1287

Ви недостасува ли сексуална желба? Многу од луѓето страдаат од сличен проблем. Изморени се од натовареното секојдневие, чувствуваат потреба едноставно да легнат и да спијат. За секс ни збор да не станува.

Ако сето ова ви се чини познато, ќе треба да си одговорите на уште едно прашање – спиете ли доволно?

Ненаспаноста влијае многу лошо на желбата за секс. А недостатокот на секс влијае погубно на врската.

Неодамнешна студија покажала дека жените кои спијат помалку, имаат намалена желба за секс до 14%.

Ако имате проблеми во спалната соба, една од работите кои можат да влијаат, е недостатокот на здрав сон.

Во истражувањето учествувале 171 жени. Тие биле замолени да пополнат анкета која се однесувала на навиките по однос на спиењето. Периодот на истражувањето трае 14 дена.

Истражувачите го набљудувале бројот на часовите за спиење на секоја учесничка и нивото на сексуална желба која инволвираните ја имале следниот ден.

Жените кои спиеле повеќе, природно, имале поголема желба за интимност.

Истражувањето исто така покажува дека сонот е од суштинско значење за гениталиите и возбудувањето и навлажнувањето. Жените кои спијат помалку или имаат нарушен сон, страдаат од вагинална сувост и проблеми со возбудливоста.

Влијанието на сонот врз сексуалната желба и возбуда покажуваат дека ненаспаноста може да го влоши трајно интимниот живот, што е предуслов за влошување на односите во врската.