Шпанците и Италијанците имаат најмногу љубовници

1687

Шпанските и италијанските мажи и жени имаат најмногу љубовници од сите нивни континентални соседи, покажува новото истражување.

Италијанците и Шпанците се најмногу склони да изневеруваат, Британците се четврти во листата, а Французите, изненадувачки, се најверните Европејци. Во сите шест земји кои учествувале во анкетата, мажите се склони кон прељуба, отколку жените.

Во експериментот учествувале 1.000 луѓе од Велика Британија, Италија, Шпанија, Белгија, Франција и Германија.

Италија и Шпанија се на чело на вонбрачни врски со 59% од мажите и 35% од жените кои ги измамниле партнерите.

Следат Италијанците со 56% и соодветно 34%, кои го признаваат љубовниот грев. Трети се Германците, на четвртото место се рангираат Британците, по кои се Белгијците и Французите.