Лошо за локалната традиција, но добро за човештвото. Во дупката не се пронајдени знаци на натприродни сили.
Официјално ја нарукуваат “Јама во Бархут”, но за локалното јеменско население со векови е во центарот на мистериите на “портите на пеколот” или “затворот за џинови”.
За да ги истражат овие теории, научниците овие денови за првпат се спуштиле во јамата. Лошо за локалната традиција, а добро за човештвото, тие во дупката не нашле знаци на нешто натприродно – само мртви животни, змии и природни формации изградени од водата.
Имало змии …

Злогласната именувана “Јама на пеколот” се наоѓа во пустината на јеменскиот регион Al-Mahra. Влезната дупка е широка 30 метри и длабока околу 112 метри, пишува India Today. Пештерата неодамна е истражена од членовите на тимот за истражување на пештери на Оман.
“Има змии. Но, тие нема да ве нападнат, ако не ги задевате”, вели Mohammed al-Kindi, професор по геологија на Германскиот технолошки универзитет во Оман.
Тој беше меѓу осумте искусни спелеолози кои се спуштиле во пештерата минатата недела.
Не само што се спуштиле, туку и земале примероци од вода, камења, почва и мртви животни на површината за понатамошна анализа.
“Има мртви птици, а од нивната близина се шири смрдеа, но, во остатокот од пештерата нема”, изјавија од тимот.
Порта на пеколот

Суеверните локални жители веруваат дека дупката неповратно ќе го “вшмука” секој што ќе и се приближи. Велат дека во пештерата има џинови и дека тоа е “затвор за демони”, а некои веруваат и дека во дупката има супервулкан што може да ја уништи целата Земја.
За смрдеата што произлегува од дупката, локалните жители велат дека тоа е “портата на пеколот”.
Но, на крајот излезе дека е една сосем обична пештера.



















