Кога ќе се роди, секое дете се споредува со двајцата родители за да се види од кого што наследило.
Без разлика дали станува збор за физичкиот изглед или карактерот, секогаш се бараат сличности, а родителите се горди на своето наследство. Но некои работи се наследуваат само од татковците.
Во продолжение погледнете некои особини за кои експертите веруваат дека се наследуваат само од машкиот родител.
Непредвидливо однесување
Идентификуван е одреден ген кој ја одредува способноста за преземање ризици кај една личност. Експертите тврдат дека ако машкиот родител е авантурист и сака предизвици, и детето го има истиот генетски фактор и ќе ја има истата желба за „живеење на работ“. Ако таткото е човек што презема ризици, големи се шансите дека и детето ќе ја има таа особина.
Пол
Ова е научен факт според кој полот на детето зависи од тоа кој хромозом ќе се пренеси од таткото. Машкиот пар хромозоми е составен од X и Y, додека женскиот пар е составен од два X хромозома. Па, ако од таткото се пренеси хромозомот Х, ќе се роди девојче. Ако се пренеси хромозомот Y ќе се роди машко.
Отпечатоци на прсти
Се разбира, отпечатоците на прстите се уникатни кај секој човек. Секој од нас има различен дезен на прстите кој пак е поврзан и со нашите идентитети во базата на податоци. Иако не може да се наследи истиот дезен, постојат некои линии, односно природата на отпечатокот, која се наследува од таткото.
Нарушувања на менталното здравје
Направени се бројни истражувања за да се открие причината за менталните болести. Но, менталното здравје сè уште претставува неистражен океан. Сепак, се покажало дека детето има 4 пати поголеми шанси да наследи ментална болест од ДНК-та на таткото отколку на мајката. Нарушувањата како шизофренија или биполарност може да се наследат од ДНК-та на таткото.
Продолжува на страна 2



















