Цедени сокови | Го снабдува организмот со ензими и минерали

1572

Свежо цедените сокови од овошје се најдобар извор на витамини и хранливи материи кои го чистат организмот, даваат енергија и регенерираат.

Го снабдуваат организмот со потребните ензими, минерали и други материи потребни за зголемувањето на виталноста на организмот.

Јаболко – сокот од јаболко го чисти организмот, тој благопријатно делува на цел систем. Богат е со витамини А и Ц. Овој сок можете да го помешате и со други сокови. За да го спречите потемнување на јаболкото, пред да го цедите попрскајте го со сок од лимон.

Грејпфрут – има пет пати повеќе витамин Ц од портокалот. Силно средство за чистење на организмот. Црвениот грејпфрут е поблаг и помалку кисел. Некои луѓе подобро го поднесуваат грејпфрутот од портокалот. Овој сок е богат со биофлавоноиди. Не заборавајте дека сите сокови од јужното овошје треба да ги испиете веднаш по цедењето, бидејќи витаминот Ц се губи после долго седење.

Круша – сокот од круша е густ и благ, а можеме и да го измешаме со сокот од јаболко. Богат е со тиамин, рибофлавин,нијацин, фолна киселина која поволно делува на кардиоваскуларниот систем. Исто така е добар извор на витамин Ц, калциум, калиум, фосфор.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.