Како месечниот циклус влијае на косата

1170

Менструалниот циклус влијае на многу нивоа во женското тело. Тој го помрачува расположението, прави по кожата да излегуваат непријатни гнојни мозолчиња, предизвикува болни грчеви во стомакот, половината, градите.

Месечниот циклус може да влијае и на вашата коса. На кој начин?

Менструацијата е експлозија од хормонални промени. Ако не сте забележале, сега треба да обрнете внимание дека косата ви се храни повеќе од обично пред циклус.

Според истражувањата, повеќето жени велат дека ја чувствуваат косата помрсна, поцврста и залепена една недела пред месечниот циклус. Затоа, дами, не мислете дека само имате лош ден за фризура. Хормоните имаат замешано прсти во оваа работа!

Во моментот во кој циклусот ќе ви дојде, нивото на тестостерон скока. Тој е главната причина за обилната маснотија на кожата и косата. Прогестеронот и естрогенот пак нагло опаѓаат.

Телото на секоја жена е различно и во него нивоата на хормоните не се исти. Затоа и влијанието врз косата и кожата не е подеднакво кај сите.

Ако по природа имате мрсна коса, тоа би се покажало како проблем. Стручњаците препорачуваат силно навлажнувачки шампон. Тој помага да се контролира нивото на лачење на себум од кожата и соодветно косата.

Примената на сув шампон или талк исто е вид решение.

Ако косата ви е природно сува, вие сте среќница. Најверојатно таа ќе биде сосема малку повеќе мрсна пред и за време на циклус.