Еве од кога бебињата почнуваат да помнат

130

Кога бебето почнува да ги помни моментите, играчките и со тоа да почне да создава спомени? Ова прашање го поставуваат голем број родители.

Меморијата на вашето бебе не функционира како кај возрасните, затоа што бебето не е во состојба да размислува за позадината на секоја емоција и случување, па бебињата повеќе создаваат чувства и сеќавања за пријатноста, која ја доживуваат. На почетокот бебето се потпира на она што му е познато како процедурална меморија, а тоа се работи како цицање, голтање, производство на звуци и на крајот ползење и одење.

Околу шест недели бебето почнува да гради семантичка меморија позната и како општо познавање. Ова помага бебето да ги препознае родителите, да познава која храна му е вкусна, а која не, а подоцна на запомнатите предмети ќе им ги учи имињата. Помнењето се развива природно, но постои и едноставен начин како да му се помогне на бебето во тоа.

Кога бебето ќе почне да ги помни моментите, играчките и со тоа ќе почне да создава спомени?

Стимулирање на мозокот

Искуствата кои го стимулираат мозокот на бебето се одговорни за складирање на сеќавањата и поттикнуваат создавање нови невронски врски во бебешкиот мозок. Милувајте го стомакот на бебето со пердув, туркајте со него гумена играчка под вода и дозволете му на детето да ги почувствува предметите под прстите.

Повторувањето е мајка на знаењето

Помнењето се заснова на веќе воспоставените врски во мозокот, а тој процес бара многу повторување пред детето да запомни. Песните, игрите, милувањата и непрекинатото повторување се тајни за успехот.

Разговарајте што повеќе

Децата чии родители често разговараат со нив, имаат поголем речник и почнуваат да зборуваат порано, бидејќи складираат многу зборови кои ги слушаат во својата мемерија. Откако бебето ќе почне да зборува на свој јазик, придружете му се со насмевка и со контакт со очите.

Насмевка

Децата многу повеќе помнат кога има позитивни емоции, затоа не ја симнувајте насмевката од лицето и позитивниот тон на гласот.