Мажите не се свесни дека нивните пениси можат да западнат во лоши проблеми и тоа по нивната заслуга, пишува Guradian.
Не сакате ова да ви се случи и вам?
Тогаш прочитјте совети за тоа што не би требало да му правите на вашиот пенис
Фотографирање на пенисот
Ако не сакате да се најдете среде јавна афера, тогаш не би требало да го фотографирате својот пенис и да го испраќате по мобилен телефон или на e-mail на други лица, бидејќи никогаш не може да бидете сигурни дека некој нема да им го покаже на сите. Ова важи и за познатите и за непознатите мажи. Јавните ќе се најдат среде медиумскиот скандал, а оние помалку познати сред приказните на потесната и пошироката околина.
Занемарување на хигиената
Дали сакате жената да ѝ се восхитува на вашата опрема одблизу и од далечина? Ако одговорот е потврден, тогаш никако немојте да ја игнорирате хигиената на пенисот. Недостатокот на хигиената резултира со страшна „миризба “која ниту една жена не сака да ја почувствува. Значи хигиената е важна!
Туркање на пенисот каде што не му е место
Дали знаете дека некои мажи се толку љубопитни што се обидуваат пенисот да го стават и во некои апарати за домаќинство, како тостери на пример? За среќа, ова не е чест случај, но сепак се случува. Се разбира, ова не треба да се направи, па така овој совет не треба дополнително да се појаснува …
Продолжува на страна 2