10 години од “Чудото на Хадсон” | Видео

831

“Ви зборува капетанот. Подгответе се за удар”.

Ова се последните зборови на капетанот на Airbus А320 на US Airways на летот 1549 од New York до Charlotte, Chesley “Sully” Sullenberger, кои ниту еден патник не сака да ги слушне.

“Чудо на Хадсон” – американските медиуми за спасувањето на патниците од пловечкиот авион.

Поради ладнокрвнокрвната одлука на искусниот пилот оштетениот авион над New York да го спушти на реката Хадсон, се случил редок случај – и покрај тешката дисфункција на авион, спасени се сите патници и членови на екипажот, што американскиот печат го нарекол “чудо на Хадсон”.

Она што би можело да предизвика катастрофа, која би предизвикала чувства и сеќавања на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, избегната е со брзо размислување на пилотот и вешт маневар, како и близината на спасувачките бродови, комбинација која очевидците и официјалните лица ја нарекле “чудесна”, пишувал “The New York Times”.

Спасувањето на сите 155 лица од авионот Airbus А320 на US Airways, кој со двата оштетени мотори слетал на површината на реката Хадсон, гувернерот на New York, David Paterson ќе рече:

– “Имавме чудо во 34-та улица. Верувам дека сега имаме и “Чудо на Хадсон”.

Пилот херој Chesley Sully Sullenberger

Тогашниот Градоначалникот на New York, Michael Bloomberg, му се заблагодари на пилотот Chesley Sullenberger (57) за “мајсторијата” со слетувањето на површината на реката, но, и за грижата “сите патници да бидат евакуирани.”

Chesley “Sully” Sullenberger, е поранешен пилот на американските воздухопловни сили, а за US Airways летал од 1980 година.

– Пилотот беше феноменален. Слета, ви велам, и ефектот не е поинаков од оној кога некој ќе ве удри во задниот дел од автомобилот. Не фрли преку седиштето и тоа е сè – изјавил патникот Џеф Колоџај, чии зборови ги цитираше “The New York Times”.

Sullenberger пилотирал со летот 1549 на US Airways од аеродромот La Guardie во New Yorku за Charlotte, Северна Каролина, кога, поради судир со јато диви гуски, на авионот му откажал еден од двата мотори.

На височина од 975 метри над Бронкс авионот доживеал двоен удар од птици, кога еден од пилотите се јавил до контролорите на летањето.

Почувствувајќи ја загубата на силата на двата мотори и губењето на височината, пилотите ја здогледале пистата. Контролата им кажала дека тоа е мал аеродром Teterborou во New Yersey, објавил “The New York Times”.

Наместо тоа, пилотите одлучиле авионот да го спуштат во река. Откако го прелетале мостот Georgea Washington, A-320 800 метри подалеку слетал во реката Hudson, во близина на 48-та улица West, во средниот дел на Manhattan, наречен Midtown.

До авионот прв допловил траектот на њујоркшките бродари NY Waterway и веднаш почнал да ги спасува патниците кои излегле на крилото од авионот. Во акцијата на спасувањето се приклучиле и други фериботи и бродови на Крајбрежна стража и пожарникарските единици на New York.

Пилотот Чесли Sollenberger стана “херој на денот” во САД, бидејќи “изведе еден од најретките и најтешките потфати досега во комерцијалната авијација: слетал на вода без човечки жртви”, истакна “The Wall Street Journal” од New York.

По овој настан снимен е и филм со наслов “Чудо на Хадсон” со Tom Hanks во улога на Chesley “Sully” Sullenberger, а во режија на Clint Eastwood. Ако сте во можност, погледнете го.