Еве како училиштето ги прави децата глупави и депресивни

288

Уште од 5-годишна возраст нè учат дека училиштето е важно и дека секој мора да помине низ него.

Иако образованието и знаењето се навистина важни, постојат недостатоци во образовниот систем кои ги прават децата глупави и депресивни.

Погледнете на кој начин училиштата ги „тераат“ децата да се претворат во возрасни со депресивни и празни животи.

1. Не се цени индивидуалноста

Во училишната средина индивидуалните потреби на секое дете се занемарени поради големиот број ученици. Поради ова, не може да се откријат многу таленти и не се познати личните интереси на секое дете. Наместо да работат на она што им дава предност, децата се учени да размислуваат колективно.

2. Децата учат да живеат само за иднината, наместо да уживаат во моментот

Наместо да се учат децата да уживаат во животот, училиштето им кажува дека треба да го жртвуваат секој ден за доброто на следниот. Планирањето на иднината е важно, но треба да се ужива и во сегашните моменти.

3. Ги изедначува парите и успехот

Децата се учат дека добрите оценки ќе им помогнат да најдат добра работа. А добрата работа ќе им ги наполни џебовите. Со ова на децата им се всадува мислењето дека успехот е само џеб полн со пари.

4. Ги тера да се сомневаат во себе

Не потполнувајте нешто без да ја прашате учителката. Наставниците ги учат децата целосно да зависат од нив и да ги прашуваат за секоја одлука. Ова е многу лошо за развивање на независноста на децата.

Продолжува на страна 2