Секс поза која согорува најмногу калории

2082

Сакате добар тренинг, но не ви се оди во теретана, пробајте ја оваа секс поза (имаме предлог и за мажи и за жени) и веќе сте „навежбани“.

Еден од најдобрите тренинзи за вас доколку сакате да бидете фит и со витка фигура е сексот. Но, сите секс пози не се подеднакво добри. Еве со помош на која секс поза можете најбрзо да постигнете резултат.

Сексот освен тоа што е одличен лек за борбата против стресот и за зближување со партнерот, тој е корисен и кога станува збор за одржување на телесната фигура.

За време на сексот се активираат мускулите на нозете, рацете, рамената и стомакот.

Мажите губат најмногу калории за време на мисионерската поза, а жените пак губат најмногу калории преку позата каубојка, односно кога тие се врз партнерот и речиси цела работа ја завршуваат сами, со овие две пози се активираат повеќе мускули истовремено вклучувајќи ги и мускулите на абдоменот, грбот, нозете и задникот.

Според некои истражувања, за време на секс кој трае половина час се согоруваат помеѓу 80 и 100 калории, во зависност на тоа кој пол сте и колку години имате.