Се верува дека униформите ги намалуваат разликите меѓу децата, па затоа честопати училиштата воведуваат правило за нивно носење. Па, колку е воопшто влијателно носењето униформи? Резултатите од истражувањата не му одат баш во прилог.
Социолошката анализа на Брунсм и Рокемор ги следела и споредувала различните службени статистички податоци помеѓу училиштата кои вовеле униформи и оние кои не вовеле.
Во истражувањето не е потврдено влијанието на униформите на проблемите во однесувањето на училиште, злоупотребата на дрога и редовноста на наставата. Исто така не е утврдена и врската помеѓу носењето училишни униформи и подобрите академски резултати на учениците.
Влијанието на кодексот на облекување врз аспектите на школувањето
Дејвид Брунсм подоцна продолжил да го истражува влијанието на носењето униформи од различни аспекти на образованието и резултатите ги претставил во книгата „Движењето на училишните униформи“ (The School Uniform Movement). Тој признал дека униформите не менуваат многу работи во училиштата.
„Политиката на носење униформи нема да го спречи насилството или проблемите во однесувањето. Нема да ја развие самопочитта и мотивацијата кај учениците. Нема да ги урамнотежи социјалните разлики кои ги разделуваат учениците. И нема да ги подобри нивните академски достигнувања.“
Отпорот на учениците кон униформите
Ако ги прашате учениците за мислење, ќе ви одговорат на сличен начин. Истражувањето на ДаКоста покажало дека 75% од учениците се против униформи, а како причини ги наведуваат ограничувањето на слободата, високата цена и бескорисноста на ова политика. Едно постаро истражување покажало дека 80,9% од учениците сметаат дека воведувањето униформи не ја намалува појавата на тепачки помеѓу децата.
Отпорот на учениците кон униформите, што е особено видлив кај постарите деца, треба да се согледа и од аспект на психолошкиот развој: Адолесценцијата е транзициски процес од детство кон возрасна личност, период на созревање и развој на идентитетот за време на кој луѓето пробуваат различни интереси и начини на однесување.
Во текот на овој период, луѓето развиваат диференцирана и сложена слика за себе, вредности и ставови. Адолесцентите честопати го изразуваат својот идентитет преку облеката и така градат независност во однос на околината.
Социоекономски разлики меѓу учениците
Обврската за носење униформи во училиштата ги ограничува лични преференции и избори на учениците, односно слободата на изразување. Не е точен аргументот дека носењето униформа ќе ги намали социоекономските разлики меѓу учениците. Тоа може единствено да ги прикрие, иако и тоа е дискутабилно, бидејќи разликите помеѓу учениците може да се забележи и по тоа што не е составен дел од униформата, а децата секојдневно го носат и користат на училиште, како на пример, мобилни, ранци, патики и слично.
Продолжува на страна 2



















