Дали униформите навистина ги намалуваат разликите помеѓу децата?

1996

Стереотипи и предрасуди

Кога се изложени на меѓусебните разлики, децата учат едни од други, развиваат сопствен идентитет и самосвест и учат како да живеат заедно со другите луѓе кои се поинакви од нив. Не е проблем тоа што постојат разлики помеѓу децата во одделението, туку како наставниците ќе се справат со нив. Децата учат од однесувањето на возрасните кое го гледаат во околината и тој модел им служи како водич за сопственото однесување.

Уште на рана возраст, децата усвојуваат одредени стереотипи и предрасуди за другите групи што ги гледаат во својата околина, па така децата би требало да научат како да живеат со разликите, бидејќи тоа ќе ја намали можноста да развијат предрасуди и дискриминаторско однесување како последица од неинформираноста.

Отворен разговор за прифаќање на различноста

Преку отворениот разговор и запознавањето со постоечките разлики помеѓу културите и поткултурите, етничките припадности, обичаите, религиите, ставовите и вредностите учителот ги подучува учениците за разновидноста на групните припадности, но и станува пример за своите ученици за рамноправен соживот со оние кои се поразлични од нас.

Тоа го потврдуваат и истражувањата. Доколку ги изложуваме учениците на поинакви култоролошки и образовни позадини, тие поретко ќе донесуваат пристрасни заклучоци за другите групи. Училишните фактори што влијаат на развојот на граѓанските компетенции кај учениците се поврзани со демократската клима во одделението која ги поттикнува на слободен разговор и критичка дебата на политички и социјални теми преку грижа за меѓусебните односи и создавање можност учениците да вежбаат демократија.

Вложување во едукација на учителите, учениците и превентивните програми

Воведувањето униформи во училиштата нема да ги реши проблемите во образованието. Наместо во униформи, би требало да се инвестира во образованието, учителите и превентивните програми за учениците.

“Воведувањето униформи во училиштето може да се спореди со фарбање некоја стара, одронета зграда: Од една страна промената е веднаш видлива, но од друга страна, тоа е само еден слој свежа боја.“ – Брунсм и Рокемор