Четири сигурни начини да го задржите засекогаш

473

Мажите не е толку тешко да ги заведете, но кога зборуваме за задржување на заведениот маж, тука работите се комплицираат.

Мажот често бега од жената, а ако тоа ви се случило, веројатно сте направиле нешто од следното…

Сте пробале да го промените

Може да ги промените неговите патики или фризура, но не може да го промените начинот на кој гледа на светот. Ако не сака деца, нема да го наговорите на тоа, ако не е амбициозен, никогаш нема да стане таков. Ако се обидете да го смените до непрепознатливост, едноставно че отиде кај некој кој го прифаќа таков каков што е .

Сте биле премногу лесни

Едноставниот улов, не е лош, во теорија. Ако успеал да ве наговои на секс првата вечер, тоа веројатно и му се допаднало, но со време ќе му се допаѓа се помалку. Мажите се ловци, па колку повеќе се трудат околу пленот, толку му е поинтересно. Со време ќе побара некоја која бега од него.

Премногу пораки и повици

Ова мажите не го поднесуваат! Не е работата во тоа дека им пречат пораките, туку за тоа дека ако не одговорат на нив, мора да се објаснуваат зошто не одговориле. Со време, секој повик, дури и кога е важен, станува нешто што ги гуши, а тогаш и бегаат од таква врска.

Пребрзо темпо

По еден месец врска тој се уште е во фаза кога смета дека е се лежерно, а полно жени во исто истото време мислат дека е вистински момент за запознавање на родителите. Тој не сака да ги запознае ни сега, ни за еден месец, а ако го присилите на тоа, потсвесно ќе почне да бара врска која не е толку напорна.