Уличното осветлување е виновникот за нездравиот сон

49

Специјалистите разбраа зошто многу од жителите на градовите имаат проблеми со спиењето.

Научниците од Универзитетот Стенфорд во САД тврдат дека загатката е во уличното осветлување. Познато е дека телото реагира на деноноќните промени во осветлувањето. Ако ноќта е светла, внатрешниот часовник на човек се збунува, како и спиењето.

Специјалистите анкетираа 15 863 лица во период од 8 години. Тие го земаат предвид и осветлувањето на улиците ноќе. Излегува дека луѓето во градовите со население минимум од 500 000 луѓе се соочуваат со ноќното осветлување што е 3-6 посилно во споредба со помалите градови или надвор од градот.

Ноќното осветлување влијае на должината и квалитетот на сонот. Ако осветлувањето било силно, човек не спиел помалку од 6 часа на ноќ. Тој почесто бил незадоволен од количеството или квалитетот на спиењето (29% незадоволни жители од големите градови против 16% жители од малите населени места со помалку активно осветлување). Жртвите на интензивното осветлување почесто се жалат на замор (9% наспроти 7%). Тие спиеле исто така помалку на една ноќ – 412 минути при слабо осветлување спроти 402 минути при силно осветлување.

Силната светлина ги терала мнозина да се будат ноќе (19% наспроти 13%), потоа луѓето страдале од поспаност и не можеле нормално да функционираат (6% наспроти 2%). Научниците ги советуваат жителите на големите градови да ставаат завеси или ролетни на прозорците за да го спречат силното улично осветлување.