Овие астролошки знаци се најголемите баксузи

263

Девица

Девиците се вешти во решавањето на туѓи проблеми и делење совети, но реално самите на себе не знаат да си помогнат. Кога се нервозни, најчесто чистат и полираат низ дома, па животниот простор им е толку беспрекорен, што на гости се чувствуваат малку непријатно, напнато и неудобно. Постојани предизвикувања среќаваат секој ден. Кога ќе помислат дека сè средиле, а на тепихот се истура чаша црвено вино. Кога таман ќе се заглават во нечиј емотивен компас, се случува нешто неочекувано, заради што повторно мораат да ги испитуваат и менуваат работите. Цел живот исправаат некои грешки и често се прашуваат со што ја заслужиле таа казна.

Вага

Неправдата може да ги извади од такт. За жал, ја воочуваат насекаде околу себе и често пати таа е причината која им го нарушува мирот и среќата. Спаѓаат во оние луѓе кои прво зборуваат, па потоа со денови размислуваат што попаметно можеле да кажат. Сакаат да изигруваат детективи, да откриваат изневерувања и лажговци, само проблемот е во тоа што се сфаќаат лично. Дури и кога ги решаваат туѓите проблеми, тие ги сфаќаат како свои. Најголемиот баксуз за Вагите е стареењето, затоа што им пријаат убави луѓе и луксузни предмети.

Риби

Рибите мислат дека се проколнати. Не ја перцепираат реалноста, па постојано запаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непромислено. Во нивната глава си имаат зацртано како треба да им изгледа животот и колку совршено треба светот да функционира. Затоа што реалноста излегува многу поразлична, често се опиваат од мака. Кога ќе се најдат пред проблем кој тешко се решава, обично се затвораат во својот свет.