Раванија

2073

Потребно

  • 7-10 лажици шеќер
  • 10 селски јајца
  • 15 лажици гриз
  • 3-4 лажици брашно
  • 150 гр исецкани ореви
  • 1 лимон
  • Шербет
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 300 мл вода
  • 2 чаши шеќер
  • половина цеден сок од лимон

Подготовка

Оревите извалкајте ги во брашното, додадете гриз и се измешајте. Јајцата изматете ги со миксер заедно со шеќерот околу 10-тина минути за да смесата нарасне.

Во изматените јајца со лажица додајте ги оревите со гризот и брашното, и полека со лажица промешуваме. Смесата ја нанесуваме во набрашнета и намрсена тава и се пече на 180 степено околу 15-20 минути. Во тек на печењето температура се намалува по потреба на 150 степени.

Шербет

Шеќерот, водата и ванилиниот шеќер се вријат 5 минути, потоа се додава сокот од лимон. Изладената араванија се сече на коцки и се наросува со рендана кора од лимон, потоа се прелива со млак шербет и се чека да се излади.