Седум знаци дека имате надпросечна емоционална интелигенција

1888

Емоционална интелигенција значи добра рамнотежа помеѓу чувствата и разумот

Емоционалната интелигенција значи да се биде свесен за своите емоции и начини на кои тие влијаат на нашето однесување, особено во интеракцијата со другите луѓе. Во најмала рака, луѓето со висока емоционална интелигенција полесно се снаоѓаат во животот. А како да знаеме дали вашиот количник на емоционална интелигенција е поголем од повеќето луѓе? Тоа го откриваат следните 7 знаци

1. Вие сте благодарни за она што веќе имате

Кога сте повеќе фокусирани на она што веќе имате, и благодарни сте за тоа, а не на она што немате, а би сакале да имате, поспособни сте да си поставите нови цели во вашиот живот и да ги постигнете. Значи, ако сакате нешто што немате, бидете благодарни на она што веќе имате. Покрај тоа, ваквото размислување ви овозможува да бидете поефективни во вашата средина.

Емоционалната интелигенција значи да се биде свесен за своите емоции и начини на кои тие влијаат на нашето однесување, особено во интеракцијата со другите луѓе

2. Сфаќате дека никој не е совршен

Луѓето со висок коефициент на емоционална интелигенција знаат дека ниту тие, ниту било кој друг човек во светот не е совршен. Сите ние сме луѓе со маани и секој може да работи на себе за да стане подобра личност. Знаејќи го тоа, и да се биде искрен во врска со тоа, може да ви помогне да ги поправите вашите сопствени маани и да бидете подобар човек, без нереални очекувања.

3. Вие сте многу љубопитни

Секогаш барате одговори и нови знаења. Вашата незаситна љубопитност ви овозможува да постигнувате подобрувања во самите себе и во сè што е околу вас. Вашата позитивна енергија и страст за животот привлекуваат луѓе околу вас, на кои им помагате и сами да видат повеќе можности во животот отколку неможности. Откријте што вашата омилена музика вели за вашата интелигенција.

Продолжува на страна 2