10 сигурни знаци дека сте добро воспитани

2451

Доброто воспитување е сложен процес на кој секој родител треба да обрне поголемо внимание.

Дали вашите родители биле ревносни?

Запознајте се со 10 сигурни знаци кои откриваат дека сте добро воспитани.

1. Знаете дека трпението е доблест.

Не мора сѐ да добиете веднаш и сега. Свесни сте за тоа колку е точна поговорката “стрпен спасен”. Возрасните кои родителите не ги учеле на трпение во јавноста можат да се однесуваат полошо отколку добро воспитано дете од три години. Да речеме, кога треба да чекаат на свој ред во продавница па се обидуваат да се протнат пред да стасаат на ред.

2. Секогаш мислите на други.

Додека разговарате со другите во кругот на повеќе луѓе, се поместувате така што лицето кое стои зад вас може да му се приклучи на кругот и разговорот. При тоа не им упаѓате на другите луѓе во збор, и не зборувате без пауза повеќе од две минути.

Експертите посочуваат дека родителите треба да бидат свесни за разликата помеѓу срамежливоста и недостаток на пристојност, и да престанат да измислуваат изговори за непристојните деца

3. Вие сте свесни за вашата околина.

Кога излегувате од паркингот и гледате дека некој чека на вашиот паркинг простор, брзате лицето да чека колку што е можно пократко.

4. Велите молам и ти благодарам.

За ниедно дете нема изговор за недоделканост. Експертите посочуваат дека родителите треба да бидат свесни за разликата помеѓу срамежливоста и недостаток на учтивност и да престанат да измислуваат изговори за непристојните деца. Детето мора да научи да се заблагодари и да каже благодарам, без родителот да го предупреди на тоа.

5. Не барајте други луѓе да ги потврдат своите сопствени вредности.

Лошо воспитаните луѓе прават добри работи само за да се фалат со тоа. Добро воспитани луѓе ќе му помогнат некому и нема да кажат никому за тоа. Нивната намера е да помогнат, а не да привлечат внимание.

Продолжува на страна 2