10 сигурни знаци дека сте добро воспитани

4257

6. Секогаш станувате на постаро лице или на бремена жена.

Во јавниот превоз или во чекалната знаете дека е пристојно своето седиште да го понудите на постара личност или бремена жена. И секогаш го правите тоа.

7. Не им попречувате на другите да ја вршат својата работа.

Во продавница сте и решивте дека нешто што сте го зеле сепак не ви е потребно? Ќе го вратите производот на неговото место, а не некаде попат каде е најдобро за вас.

8. Вие сте емпатични.

Тоа значи дека можете да се замислите во кожата на другите, што е денес реткост. За емпатија се потребни имагинација и морална сила која на лицето му дава способност на самоиспитување и проценување на сопствената улога во дадена ситуација.

9. Ги почитувате постарите.

На постарите од себе им се обраќате со госпоѓо или господине. Тоа би требало да биде дел од основниот ботон, но на многумина тоа им недостасува.

10. Знаете да ја признаете сопствената грешка.

И знаете кога не сте во право. И знаете како да се согласите со другите, без препукувања, без расправање, викање или караница. Ќе ја препознаете сопствената грешка и ќе се насмеете на тоа.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.