Што прво забележуваат жените во еден маж?

886

Излегува дека првото нешто што жените забележуваат во еден маж, не е мускулестото тело, туку насмевката, пишува “Дејли стар”.

Целта на истражувањето, направено во Велика Британија, била да утврди што најсилно ги привлекува неврзаните жени кога се залагаат за потенцијален партнер.

Цели 71% од анкетираните дами посочиле дека насмевка им дава најсилен прв впечаток. Потоа жените обрнуваат внимание и на карактерот на мажот, особено дали тој е добар човек, склон да разговара со нив, а исто така дали е способен да ги насмевнува.

Меѓу работите кои ги забележуваат жените при прв контакт со мажите, се исто така одржано тело, добриот однос кон околните и самодовербата.