Будалата останува будала

2301

Будалата останува будала! Можете да се обидете да ја научите на памет … Можете да се обидете и да ја едуцирате … Можете да се обидете да посеете семе на мудрост, но бадијалааааааа … Будалата останува будала!

Попусто сите напори, сите можности кои ќе ѝ ги дадете … Будалата слепо се држи за своето. Можете на будалата да ѝ покажете разбирање, љубов, сочувство … Но, сето тоа е бадијала …

Таа тоа не го разбира … Таа не гледа што добива и што губи… На будалата можете да ѝ зборувате да не оди тврдоглаво по својот пат на себичноста и дека е потребно и таа да го возврати сето ова … Бадијалаааа … Се разбира сѐ е бадијалааааа …

Затоа што будалите се тврдоглави мулиња … Тие мислат дека се многу интелигентни, дека тие сè знаат најдобро, дека ја испиле сета мудрост на овој свет … А животот упорно ги демантира … И сето тоа е за ништо … Будалата продолжува да тера по свое … Еден човек со само малку животна мудрост, знае дека не знае сè.

Човек со малку мудрост, знае дека учи додека е жив. Човек со малку мудрост не повторува едни те исти грешки. Будалата ќе оди по ист пат и секој пат ќе се сопне од истиот камен.

Будалата упорно продолжува да ги користи своите исти провидни методи … Будалата потупкајте го по рамо и сте го освоиле. Будалиот годините на искуство и лошото патување на ништо не го научиле …

Тие цврсто одат по патот по линијата на помал отпор … Колку помалку напор, помалку одговорност, помалку инвестиции, помалку ризик …

Будалите не знаат да се разбудат со чувство на благодарност и сочувство … Тие не знаат да мислат на другите и на нивните чувства … Тие мислат само на својот интерес … Тие не разбираат дека само губат размислувајќи за својот интерес … Тие ги губат луѓето кои би им го разубавиле и би им донеле квалитет во живот …

Будалите мислат дека можат постојано да манипулираат со луѓето и со нивните чувства … Луѓето не се слепи, будали мои… Како не го разбирате тоа? Луѓето гледаат сè и ве оставаат … Ви даваат можност да се промените, да разберете … Потоа гледаат до каде … До кога ќе одите така?

И тогаш на добар човек му пука филм … Му паѓа мрак на очи од вашето безобразие … И тогаш добариот човек вели: Доста! Доста со срања! Доста, бре! Ебете си мајката! Доста манипулација и изговори!

Зое

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk