Седум знаци дека имате надпросечна емоционална интелигенција

4074

4. Имате развиена самосвесност

Вие сте свесни за вашата сила, како и за вашите слабости. Тоа знаење ви дава можност целосно да искористите сето она што може да ви помогне да ги постигнете вашите животни достигнувања.

5. Вие сте многу сочувствителни

Луѓето со висока емоционална интелигенција се, исто така, многу емпатични и можат да сочувствуваат со другите што ви помага да најдете нешто позитивно во секоја негативна ситуација и да најдете решение за конфликтите. Прочитајте ги 10-те сигурни знаци дека сте добро воспитани.

6. Добро се прилагодувате на промените

Вие не се доживувате како “жртва” на промените, туку ги прифаќате промените и знаете како да им се прилагодите. Разбирате дека промените во животот се неизбежни и ги поздравувате бидејќи ги доживувате како прилика за нови можности.

7. Вие се грижите за своето физичко и ментално здравје

Свеста за важноста на доброто здравје, како ментално така и физичко, исто така, е карактеристика на луѓе со висок коефициент на емоционална интелигенција. Знаете дека доброто здравје ви овозможува да го постигнете сето она што го сакате во животот и затоа се грижите за вашиот ум и тело па се храните здраво, вежбате, се одморате доволно и одржувате здрави односи со другите луѓе.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.