Како да го научите детето да се носи со стресот

430

Децата, како и возрасните исто така се борат со стресот.

Премногу обврски, конфликти во семејството и проблеми со врсниците се стресовите, на кои децата се најчесто изложени

Одредена доза стрес е нормална појава. На пример нормално е тргнувањето во средно училиште или некој важен тест да претставуваат стрес.

Клучот за тоа како да му помогнете на детето да се носи со стресот лежи во тоа да го научите детето да ги решава проблемите, да планира, да знае кога да каже „да“, а кога „не“. Тоа не значи дека се ќе тече глатко и без потешкотии.

Доколку детето не го научите како да се носи со стресот, може да се сврти кон прекумерно јадење, употреба на алкохол или дрога. Со други зборови децата ќе посегнат по нешто со кое ќе се чувствуваат подобро, барем за момент.

Престанете да му го преоптоварувате распоредот

Еден од најголемите стресови за детето е набиен распоред. Сепак денес од децата се очекува седум часа во текот на денот да бидат внимателни во училиште, да имаат дополнителни активности, да дојдат дома и да ја напишат домашната задача и да заминат во кревет, за утре истото да се повтори. Прашањето е каде е времето за одмор. На децата им е потребно време за одмор за да ја обноват енергијата. Нивното тело и мозокот имаат потреба да се одморат, а можно е тие самите тоа да не го сфаќаат. Затоа е важно да согледате дали вашето дете е преоптоварено.

Обезбедете време за игра

Треба да им се дава предност на игрите, кои не создаваат притисок, односно на игри, кои не содржат никакви лекции, во кои нема натпреварување, ниту цел. Кај помалите деца ова се случува природно, но постарите деца можат да заборават едноставно само да си играат.

Продолжува на страна 2