Дали сакате гласни или тивки девојки во кревет?

139

Тишината за време на сексот не е „звук“ кој партнерите би сакале да го слушаат, бидејќи тоа оддава впечаток дека нешто не е во ред.

Звучната комуникација во текот на сексот укажува дали нешто е добро, дали можеби треба да се промени начинот и дава насоки дали нештата се движат во вистинска насока.

Мажите сметаат дека жена која само лежи и чека партнерот да ја заврши својата работа, колку и да е атрактивна, е здодевна. Тие сакаат партнерката еднакво да учествува во сексуалната игра, да ги допира, да ги бакнува и да воздивнува. И мажите и жените уживаат кога ги слушаат извиците на партнерот за време на секс, а тоа може да влијае и стимулативно врз либидото.

Што се однесува до жените, пак, некои сметаат дека доколку се гласни, им ја креваат самодовербата на своите партнери, мотивирајќи ги со тоа да бидат уште подобри љубовници. Меѓутоа, гласното викање некогаш може да изгледа и како глумење, особено кога е во прашање оргазмот.

Затоа, најдобро е да се биде гласен колку што е голема потребата која доаѓа „однатре“ за време на сексот, без притоа да се ризикува партнерот или партнерката да мораат да ги заштитат ушите од прегласни звуци. Она што треба да го избегнете е гласното врескање, бидејќи може да го има токму спротивниот ефект.