Ефтини и ефикасни маски за лице

1696

Лицето треба да блеска така, како и душата. Затоа Ви нудиме мирисна маска со која буквално ќе заблескате од здравје во празничната вечер.

Може да ја направите непосредно пред нанесување на шминката, бидејќи таа е брза, освежувачка и има затегнувачки ефект.

Потребни Ви се само 1 мандарина, 1 белка и 1-2 супена лажици овесни снегулки. Исцедете го сокот од мандарината во изматената белка во пена и додадете ги овесните снегулки. Ќе добиете густа каша.

Нанесете ја маската на лицето и оставете да дејствува 20 минути, а потоа исплакнете ја со млака вода. За да ги затворите порите дополнително измијте го лицето со ладна вода, а потоа нанесете хидратантен крем.

А еве Ви и втора опција со 1 жолчка и 1 лимон. Изматете ја жолчката во снег и додадете во него неколку капки или лажичка свеж сок од лимон. Добиената смеса нанесете ја врз добро исчистена кожа. Почекајте малку, потоа измијте ја маската со млака вода. Потоа задолжително нанесете хидратантен крем.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.