Овошните сокови ги расипуваат забите на малите деца

1637

Овошните сокови ги расипуваат забите на малите деца!

Минатата година повеќе од 1200 деца под 2-годишна возраст се нашле во стоматолошка ординација со расипани заби, многу од нив, бидејќи во шишенцата имале овошен сок.

Според стоматолозите родителите мислат дека им даваат нешто здраво на своите деца. Всушност шеќерот ги разјадува забите, објави “Дејли Меил”.

Информативниот центар за здравствена и социјална заштита извести дека 1235 деца под две години имале потреба од болничко лекување, вклучувајќи и 134 деца под една година, чии млечни заби штотуку се појавиле.

На многу од децата имј биле отстранети по неколку заби под целосна анестезија.

Една чаша сок од јаболко содржи седум чајни лажици шеќер, исто како и лименка кока кола.

Минатата недела СЗО информира дека човек не треба да внесува повеќе од 6 лажички шеќер дневно.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.