Се смета дека женските гради се чувствителни и стимулацијата за време на секс би требало да предизвика неверојатни чувства. Да, тоа важи за многу од жените, но не за сите.
Некои не доживуваат ништо при допир на брадавиците и градата. Мислата дека нешто не е во ред расте со секој изминат интимен чин. Почнувате да се прашувате дали сте оштетени на некој начин?
Зошто постојано читате констатации дека нервните завршетоци во мозокот одговорни за градите и брадавиците, се исти како оние кои се одговорни за половите органи, а не доживувате подеднакво задоволство?
Не брзајте да паничите. Одговорите на овие прашања не се еднозначни. Во повеќето случаи бесчувствителните гради не се проблем, ако си биле такви секогаш. Ако промените во нив се случуваат одеднаш, тогаш имате причина за итна консултација со лекар.
Инаку дури и да ги сметаме градите за ерогена зона која би требало да може да ве доведе до оргазам при стимулација, тоа не е секогаш така.
Градите на различните жени не се идентични. Тоа колку чувствителни се вашите зависи од тоа како се распоредени брадавиците, нивото на естроген и прогестерон во крвта, особеностите на градното ткиво, поставеноста на нервните завршетоци, како и тоа во кој период од менструалниот циклус се наоѓате.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















