Зошто врската ја прекинуваат жените, а зошто мажите

731

Според резултатите на студија на американскиот портал „Сикинг Арејнџмент“, спроведена над 1.000 луѓе, припадничките на понежниот пол најчесто се одлучуваат за прекин на врската зошто не се подготвени на таква обврска или според нивните стандарди, парнерот не заработува доволно.

Мажите ја прекинуваат врската бидејќи сметаат дека таа повеќе не функционира, бидејќи пронашле нова љубов или пак, партнерката веќе сексуално, доволно не ги привлекува

Околу 52 отсто од дамите на партнерите лично би им соопштиле кога ќе одлучат да стават крај на врската, додека од мажите, тоа би го направиле само 43 отсто. На мажите им е полесно да раскинат по телефон, додека подеднакво лесно им е на припадниците на двата пола да раскинат преку смс порака. За жал на вистината, има и такви кои би замолиле пријателот/ пријателката да го направи тоа за нив. Колку и да звучи апсурдно, еве ги десете причини за прекин на врските од двата пола:

10 најчести фрази кои жените ги користат кога ја прекинуваат врската

  • Не сум подготвена да се врзам
  • Оваа врска се одвива пребрзо за мене
  • Не заработувам доволно пари
  • Незрел си
  • Поважна ми е кариерата од љубовта
  • Не ми се допаѓаат твоите пријатели и фамилијата
  • Ова едноставно не функционира
  • И онака нема да се венчаме, па нема поента да продолжиме да бидеме заедно
  • Немаме скоро ништо заедничко
  • Немам доверба во тебе

10 најчести фрази кои мажите ги користат кога ја прекинуваат врската

  • Ова едноставно не функционира
  • Запознав друга
  • Повеќе не ме привлекуваш
  • Нема повеќе сексуални искри како на почетокот
  • Не си ти, јас сум
  • Сакам повеќе да и се посветам на кариерата
  • Тежиме кон сосема различни работи
  • Едноставно, повеќе не сакам да се гледаме
  • Не сум подготвен да се врзам
  • Немаме ништо заедничко