Лимон и рузмарин за повеќе концентрација

102

Мирисите кои ги дишеме, може значително да влијаат на расположението и продуктивноста.

Во Јапонија не е невообичаено на работното место да се користат различни вкусови за рекреација и релаксација или за зголемување на концентрацијата.

Истражувањето на јапонската компанија за вкусови “Такасаго” покажува дека работниците имале помали грешки, кога во канцеларија мирисало на лимон.

Еве уште кои мириси можат да ги подобрат вашите вештини и позитивно да подејствуваат на вашиот мозок.

Рузмарин

Има заслуга за трезвеното размислување, го подобрува помнењето и промовира поголема активност на умот.

Јасмин

Освен што помага за релаксација, јасминот ја ублажува загриженоста и тензија.

Цитрусни мириси

Сите мириси на агруми охрабруваат. Грејпфрутот помага во борбата против психичката исцрпеност, лимонот ја крева енергијата, а портокалите го намалуваат стресот.

Лаванда

Како многу благотворен мирис, лавандата го отстранува стресот и ја намалува анксиозноста.

Нане

Мирисот на пеперминт е многу освежувачки и енергичен. Нането помага при концентрација и го стимулира умот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.