Франц Кафка и Куклата

2310

На 40-годишна возраст, Франц Кафка (1883-1924), кој никогаш не се оженил и немал деца, шетал по паркот во Берлин, кога се сретнал уплакано девојче затоа што ја изгубила омилената кукла. Но неуспешно ја барале.

Кафка ѝ рекол дека ќе се врати на истото место следниот ден да ја бара.

Утредента, кога сеуште не ја нашле куклата, Кафка ѝ даде на девојчето писмо во кое пишувало дека „куклата го напишала“: „Те молам, не плачи, тргнав на пат да го видам светот. Ќе ти напишам за моите авантури“.

Така започна приказната која продолжила до крајот на животот на Кафка.

За време на нивните состаноци, Кафка ги читал писмата на куклата внимателно напишани со авантури и разговори што биле волшебни за девојчето.

Кафка на крајот ѝ ја вратил куклата (која ја купил) која во меѓувреме се вратила во Берлин.

„Таа воопшто не личи на мојата кукла“, рече девојчето.

Тогаш Кафка ѝ даде уште едно писмо во кое куклата напишала: „Моите патувања ме промениле“. Девојчето ја прегрна новата кукла и среќно замина дома.

По една година Кафка починал.

Многу години подоцна, сега голема девојка го пронашла писмото во куклата. Во малото писмо на Кафка пишувало:

„Сè што сакате веројатно ќе биде изгубено, но на крајот љубовта ќе се врати на поинаков начин“.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.