Како да го научите детето да се носи со стресот

1705

Сонот како приоритет

Сонот е од витално значење, бидејќи го минимизира стресот, ја обновува енергијата и детето постигнува подобри резултати во училиште. Доколку детето не спие доволно, тоа е следниот индикатор дека е преоптоварено. За подобар сон поволно е телевизорот и другите електронски апарати да не се чуваат во собата на детето.

Научете го детето да ги слуша сигналите на своето тело

Детето треба да го научите да го разбира своето тело. И додека е нормално стоматок на детето да биде вознемирен првиот ден од училиштето, напуштањето на часовите поради проблеми со стомакот или главоболка е знак дека распоредот на детето е преполн.

Контролирајте го сопствениот стрес

Стресот во одредена смисла е заразен. Кога родителите се под стрес и децата се под стрес. На детето треба да му покажете како треба да се опушти, детето мора да забави.

Утрата во семејството треба да бидат мирни

Неорганизираното семејство е еден од поттикнувачите на стресот, што е особено видливо во утринските часови. Утрото нека ви биде посмирено, бидејќи со него го почнувате денот.

Подгответе го детето да се носи со грешките

Кај децата голем дел од стресот потекнува од стравот дека ќе направат некоја грешка. Потсетете го детето дека не мора да знае се да стори, ниту дека мора се да направи точно. И додека донесувањето на одлуката е важна вештина, која детето треба да ја научи, можеби уште поважно е тоа да научи како да закрепне по донесувањето на лоша одлука. Доколку не му објасните на детето дека донесувањето погрешни одлуки е дел од процесот на учење, тоа може да биде голем стрес за него.

Во поширока смисла на зборот треба да се има предвид дека возрасните не можат да живеат стресен живот и истовремено да го учат своето дето како да го контролира стресот. На крајот на краиштата децата учат од пример, а не од зборови.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk