Експертите препорачуваат парфемот да се става на папокот, а не да се прска зад ушите и на зглобовите, како што прават повеќето жени, пишува Daily Mail.
Според експертите, секое место на телото, кое зрачи топлина, засилува арома, а папокот го прави токму тоа.
Такво е мислењето на Стивен Клејс, виш парфимерист од компанијата “Такасаго”. На истата позиција е и британската специјалистка по парфемите Рут Мастенбрјок.
Таа е согласна дека папокот е една од најсоодветните локации за прскање на парфем.
Исто така се препорачуваат и други невообичаени места – зад колената и во свивањето на лактите. Во текот на летото е многу соодветно парфемот да се става по глуждовите и стапалата, бидејќи тие се движат многу и го дисперзираат мирисот.
Актерката Елизабет Тејлор била приврзаничка на ставањето парфем на папокот. Таа раскажувала дека го научила тоа од својот татко.



















