Пластични хирурзи ја изведоа формулата на идеалниот дамски задник – нивната пропорција треба да е точно 42,86 отсто поголема од половината, напиша “Дејли мејл”.
До овој заклучок дојде колектив од 583 специјалисти во оваа област од 35 земји.
Учесниците во студијата зеле фотографии на 27-годишна манекенка и дигитално ги менувале пропорциите на задните нејзини делови.
Водечкиот истражување Паул Хајдекрјугер од минхенскиот технички универзитет го објави крајниот заклучок – најпривлечни за пластичните хирурзи и за 450-те волонтери вклучени во истражувањата, била Б-страната на манекенката со 42,86 отсто испакнатина спрема половината.
Една од теориите е дека овој”златно пресек”, ги предизвикува машките сексуални апетити, говори најдобро за здрави гени и висок репродуктивен потенцијал.