Необично откритие фрла нова светлина врз пештерските цртежи на животни и животот на луѓето од леденото доба

1603

Првичното откритие дека ознаките на цртежите можеби се однесуваат на некој вид лунарен календар не го направил научник, туку реставратор на мебел од Лондон.

Ловците-собирачи од леденото доба користеле цртежи од пештерите за да снимаат софистицирани информации за светот околу нив, што им помогнало да преживеат, покажува новото истражување.

Декодирајќи ги ознаките на цртежите, прв пат, тимот од експерти докажал дека пред најмалку 20.000 години, луѓето ширум Европа снимиле информации за дивите животни и времето на нивните репродуктивни циклуси.

Првичното откритие дека ознаките на цртежите можеби се однесуваат на некој вид лунарен календар не го направил научник, туку реставраторот на мебел од Лондон, Ben Bacon, кој поминал безброј часови гледајќи примери на пештерси слики и анализирајќи ги податоците.

Таканаречениот систем на прото-писма датира од пред најмалку 10.000 години пред другите писма за кои се смета дека се појавиле за време на блискоисточниот неолит.

Bacon рекол дека ја пренел својата теорија кај академиците, кои го слушнале и охрабриле да продолжи, и покрај тоа што е „всушност лик од улица“. Тој соработувал со тимот во кој биле вклучени двајца професори од Универзитетот Durham и еден од Универзитетскиот колеџ во Лондон за да ја објави работата во Cambridge Archaeological Journalu.

Ширум Европа се пронајдени пештерски цртежи на животински видови како што се ирваси, риби и бизони. Археолозите одамна знаат дека низата точки и други ознаки на цртежите имаат значење, но никој не успеал да ги дешифрира.

Bacon се обидел да ги декодира, а за знакот „Y“ верувал дека тоа значи „раѓање“. Користејќи ги денешните циклуси на раѓање на еквивалентни животни како референтна точка, тимот успеал да утврди дека, според лунарниот календар, бројот на ознаки на цртежите поврзани со животните од леденото доба бил најголем во времето на парење.

Bacon опишува како дошол до откритието користејќи информации и слики од пештерска уметност достапни во Британската библиотека и на интернет.

Собрав што е можно повеќе податоци и почнав да барам повторувачки шеми. Како што напредувала студијата, дојдов до пријатели и универзитетски академици, чија стручност беше клучна за докажување на мојата теорија, рече тој.

Професорите Paul Pettitt и Robert Kentridge, и двајцата од Универзитетот Durham, работеле заедно за да го развијат полето на визуелната палеопсихологија, научната студија за психологија која го проучува најраниот развој на човечката визуелна култура. Кога Bacon ги контактирал, тие сериозно ги сфатиле неговите теории.

Ова е фасцинантна студија која собра независни и професионални истражувачи со експертиза во археологијата и визуелната психологија за да ги декодираат информациите за првпат снимени пред илјадници години. Резултатите покажуваат дека ловците-собирачи од леденото доба биле првите кои користеле систематски календар и маркери за да снимаат информации за главните еколошки настани во тој календар, објаснува Pettitt.

Од друга страна, можеме да покажеме дека овие луѓе, кои оставија наследство на спектакуларна уметност во пештерите Lascaux и Altamira, оставија и запис за рано мерење на времето што на крајот ќе стане вообичаено меѓу нашите видови, додаде тој.

Kentridge изјавил дека откритието покажува дека „ловците-собирачи од леденото доба не живееле едноставно во својата сегашност, туку ги снимале сеќавањата кога се случиле минати настани и ги користеле за да предвидат кога слични настани би можеле да се случат во иднината“.

Истражувачкиот тим го вклучи Tony Freeth, почесен професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој изјавил:

Бев изненаден кога Ben дојде кај мене со својата основна идеја дека бројот на точки или линиите на животните претставува лунарен календар на клучни настани во животниот циклус на животното.