Потребно
- 1 и ½ килограми пилешки гради, варени, исечени е и оладени
- 1 портокал, сецкан
- 100 г ананас, сецкан
- ½ чаша мелени ореви
- 1/2 краставица
- 1 чаша мајонез
- 2 лажички сув копар
- 2 лажички шеќер
Подготовка
Во голем сад измешајте го пилешкото, краставица, портокали, ананас и оревите. Во друга чинија направете дресинг од мајонезот, копар и шеќер. Измешајте ги добро и додадете ги во смесата со пилешкото.
Промешајте ја салатата и оставете да отстои една ноќ во фрижидер. Така мирисите ќе се спојат најдобро.



















