Луѓето кои читаат книги живеат подолго

1657

Научниците конечно докажаа дека читањето, покрај тоа што ве ослободува од стресот и напнатоста носи уште една многу важна придобивка за човечкиот живот.

Според истражувањето спроведено од страна на Авни Бавиши, Мартин Д. Слејд и Бека Р. Леви од Универзитетот Јејл луѓето кои редовно читаат книги живеат подолго од другите.

Истражувањето кое траело 12 години вклучувало 3,6 илјади повозрасни машки и женски испитаници. Групата била разновидна и била составена од луѓе кои секој ден читале, до луѓе чиј единствен допир со книгите бил моментот на бришење прашина од нив.

Резултатите покажале дека луѓето кои сакаат да читаат и редовно го прават тоа, живеат во просек 2 години подолго од останатите.

Помеѓу повозрасните луѓе, оние кои имале навика да читаат околу 3-5 часа или повеќе неделно ризикот од смрт во следните 12 години е намален за 20% во споредба со другите повозрасни лица.

Сепак она што е важно да се истакне е дека читањето книги е тоа кое ви помага да живеете подолго, додека читањето весници е нешто кое баш и не покажало некаков забележителен резултат.

Придобивките од читањето, покрај ослободувањето од стресот и напнатоста, му овозможуваат на вашиот мозок да остане млад подолго време, истовремено зголемувајќи го нивото на интелигенција, преку зголемување на бројот на невронски поврзувања во мозокот.

Читањето исто така го одложува стареењето и значително ја намалува можноста за развивање на Алцхајмерова болест.