Дали виаграта е веќе минато? Оваа инекција ја решава еректилната дисфункција и го зголемува пенисот!

836

Виаграта еден ден ќе биде минато, бидејќи данските научниците тврдат дека развиле терапија која не само што ги лекува мажите од еректилна дисфункција, туку и го зголемува пенисот.

Научниците од данскиот центар за регенеративна медицина откриле лек кој вклучува инекција на матични клетки во пенисот. Наместо да земаат пилули секој пат кога сакаат да го “кренат“, новата терапија ќе им овозможи на мажите да го решат овој проблем за цел живот со една инјекција.

Истражувачите велат дека не само што лекот ја враќа функцијата кај мажите кои имаат проблем со ерекција, туку го зголемува и протокот на крв во пенисот, што предизвикува тој да расте.

Лекот е всушност создаден за мажи кои мораат да бидат подложени на третман на рак на простата. Единствениот потенцијален несакан ефект на простатектомијата е еректилната дисфункција и импотенција, особено ако нервите и крвните садови се оштетени во текот на постапката или ако постарите мажи одат под нож.

Само во САД, на секои девет мажи им е дијагностициран карцином на простата, а од оние што преживуваат, околу 40% од нив доживуваат еректилна дисфункција. Затоа, се верува дека ќе создадат нов третман кој радикално ќе го промени развојот и третманот на оваа болест.

Резултатите треба да бидат објавени наскоро, па тие допрва треба да бидат официјално потврдени. Но, истражувачите по серија тестови потврдиле дека инјекциите со матични клетки можат да го вратат оштетувањето и да ја вратат полната функција на пенисот.

Досега, резултатите биле успешни кај голем број мажи, а сите останале во здрава состојба една година по третманот. Истражувачите се надеваат дека ќе продолжат со тестирањето за да видат колку долго трае ефектот.

Доколку лекот се докаже како ефикасен и безбеден, истражувачите предвидуваат дека тој ќе биде многу пошироко користен. Еден ден би можел да се користи кај милиони мажи кои се соочуваат со еректилна дисфункција од многу причини, од едноставно стареење до дијабетес или срцеви заболувања.