Без страв за островите загрозени од нивото на морето | Спасот е во протозоите / Видео

482

Островите се загрозени од зголемените морски нивоа предизвикани од глобалното затоплување.

Но една нова студија на Универзитетот во Бон открила дека со армија од мали едноклеточни организми ќе може да се ублажи негативната последица на климатските промени врз билансот на островите, стабилизирајќи карпи и брегови.

Ова се мали п морски протозои (Foraminifera). Истражувањата покажуваат дека со зголемување на температурата foraminifera се шири брзо во океаните низ светот. Тие, според резултатите од истражувањето, се во состојба да стабилизираат карпести брегови, што се должи на брзата експанзија на варовничките школки.

Во студијата објавена во списанието PLoS ONE се анализирани активностите на foraminifera особено на Amphistegina сорта. Со нивните школки, тие протозои произведуваат и до два килограми калциум карбонат од метар квадратен на океанското дно.

Овие протозои се најголемите производители на талог во тропските области и заштитници на карпите, плажите и островите од ерозија.