Лекарите предвидувале дека ќе живее само 18 месеци
– Моите пријатели ми кажаа за маслото од канабис, и прво одбивав да го пробам. Јас никогаш не ја сакав дрогата. Сепак, чувствував како хемотерапијата ме убива и дека немам што да изгубам. Не сакав да се помирам со тоа дека ќе умрам – вели Дејвид Хибит.
Дејвид Хибит се разболел од рак на тенкото црево и, според проценката на лекарите, тој имал само 18 месеци од животот. Сепак, тој сега му се радува на заедничкиот живот со неговата нова жена, како и на фактот дека целосно го излечил ракот.
Ова 33-годишно момче од Стафордшир тврди дека на сосема чудесен начин го излечило маслото од канабис, кој чини околу 50 фунти по грам кај локалните дилери.
– Моите пријатели ми кажаа за маслото од канабис, и прво одбивав да го пробам. Никогаш не ми се допаѓала дрогата. Сепак, чувствував дека хемотерапијата ме убива и немам што да изгубам. Не сакав да се помирам со тоа дека ќе умрам – рече Давид.
По исцрпувачката хемотерапија и радиотерапија следеше и операција на тенкото црево во март 2013 година и сето беше залудно. Сепак, единственото нешто што му помогнало е канабисот. Дејвид, кога открил дека го излечил ракот, се оженил со Хедер (26), девојка со која бил во врска шест години.
Британскиот институт за превенција на ракот, рече дека е свесен дека пациентите користат канабис како лек, но дека и понатаму не постојат цврсти докази за неговата ефикасност и безбедност.



















