Сѐ што треба да знаете за алергиите

100

Алергијата е бурна абнормална реакција на имуниот систем кон секојдневни супстанци т.н. алергени.

Такви се: поленот, отрови од инсекти од оса или од пчела. Aлергиите знаат да бидат многу непријатни и досадни за оние што ги имаат. Тие го нарушува квалитетот на животот. Предизвикуваат нервоза, физички и умствен замор. Најизразени се на пролет, во период од април до јули, кога почнуваат да цветаат дрвата и тревата чиј полен ги дразни сетилата.

Типични симптоми предизвикани од полен од дрвја, цветови, треви и плевел се насолзени очи и нивно чешање, кивање, црвенило, чешање во грлото и во ушите, воден исцедок од носот, осип и општа раздразливост.

Алергии можат да се јават на прашина, на разни детергенти, на одредена храна, на лекови и од инсекти. Бројот на луѓе кои имаат моменти на напад на алергија или кои се борат со некоја форма на алергија значително се зголемува и како резултат на глобалното загадување, пред се на воздухот и на почвата.

Можат да бидат сезонски и хронични. Инхалаторните и нутритивните алергии не се опасни по животот на луѓето, но алергиите на пеницелин, на пример, или убод од пчела или оса, можат да бидат кобни по животот.

Во основа алергиите тешко се лекуваат, но постојат методи за третман со кои може значително да се намали алергиската реакција. Успехот на терапијата е подобар кај луѓето кои се алергични на еден или најмногу два алергени.Но, затоа алергиите можат да се превенираат, велат стручните лица. Според нив, потребно е да се избегнува излегување во природа на сончево и ветровито време, да не се чуваат отворени прозори кога е најголема концентрацијата на полен во воздухот, да се носат наочари и капи, по престојот на отворено да се тушира, да се мие косата, да се менува облека и доколку се има милениче редовно да се четка бидејќи тие се магнети за поленов прав.
Алергија

Image result for Everything you can know about allergies

Симптоми слични на оние на настинка или грип

Најмасовна и сезонска алергија е онаа на полен. И тоа на повеќе типови на полен, додека помал е процентот на луѓе алергични само на еден тип. Најмногу од луѓето се алергични на комбинација од полен на јасен, леска, бреза и трева. Тревата покрива околу 20 проценти од вегетациската покривка во светот и со оглед на нејзината распространетост и значителна способност за производство на полен, е главен извор на алергискиот полен. Екстремно долг е и периодот на пуштање на нејзиниот полен, од април до септември. Се проценува дека најмалку 40 проценти од алергичните лица се чувствителни токму на полен од трева.

Симптомите на алергија се слични на оние на настинка или грип. Но, додека кај настинката симптомите траат неколку дена, кај алергиите тие траат со недели или со месеци. Кај настинките, исцедокот од носот е густ и непроѕирен, а кај алергиите е бистар и редок. Кашлањето при грип е повремено и олеснително, а кај алергија тоа е често, променливо и недонесува олеснување. Се јавува висока температура и болки во мускулите. Сериозноста на симптомите варира од личност до личност, и е особено изразено кај пациенти со висок степен на алергија што се утврдува со имунолошки тестови на крвта.

Во градовите, дрвестите растенија се главен извор на алергискиот полен. Периодот на нивното цветање е краток, но интензивен со многу висока концентрација на полен во воздухот, особено во март и април кога опрашувањето е најинтензивно. Потоа свој удел имаат и цветните растенија, особено од април до септември. Ова значително им ја отежнува состојбата на луѓето со алергии бидејќи времетраењето на симптомите, а со тоа и на тегобите се продолжува. За нив првите симтоми се појавуваат во февруари и продолжуваат се до септември.

И загадувањето на воздухот континуирано и долгорочно влијае на здравјето на населението. Ова е особено изразено во урбаните средини и ги зголемува алергиските респираторни болести. Меѓу нив значајна е да се спомене асмата која е во пораст. За разлика од руралните средини каде е забележана помала стапка на алергиска чувствителност и алергии токму поради пониското ниво на загаденост на воздухот во овие области.

Related image

Секој човек доживува некоја алергиска реакција

Алерголозите се категорични кога велат дека алергиите се наследни. Тоа значи дека ако еден од родителите има алергија, истата ќе ја има половина од нивното поколение. Доколку пак двајцата родители се алергични, само 25 отсто од децата нема да имаат алергија.Во основа луѓето кои се алергични имаат нарушување на имуниот систем, затоа што на контакт со туѓи материи реагираат со несоодветни антитела. Како последица на тоа се развива локална алергиска реакција која може да се манифестира како астма, ринитис, конјуктивитис и друго.

Речиси секој човек во текот на животот доживува некоја алергиска реакција. Се проценува дека околу 30 отсто од населението во светот има некоја алергиска болест, процент што постојано расте и опфаќа се помлада популација. За прв пат може да се појави на било која возраст, од доенче па дури и во шеесеттата година од животот.

Алергијата во детството се манифестира како атопичен дерматитис кој се карактеризира со сува кожа на вратот, на лактите, на препоните, на рацете, во пазувите и на долниот дел на нозете. Најчести предизвикувачи се млечните производи, јајцата, јагодите и друго. Кај децата за среќа со растењето алергиите можат постепено и да исчезнат. А, со правилно лекување некои од алергиите можат дури и целосно да се отстранат.

Оние кои знаат дека на нешто се алергични треба да избегнуваат контакт со алергенот кој всушност и ја предизвикува алергијата, што е често тешко изводливо. Токму затоа важна е терапијата која мора да се зема, редовно до крајот на животот.