Редок геолошки феномен е забележан под северноамериканскиот континент.
Револуционерна студија откри бавен и постепен процес кој се одвива под американскиот Среден Запад, каде што Земјината кора капе во внатрешноста на планетата.
Сеизмичките податоци откриле дека стопената карпа се акумулира во горната обвивка, и на крајот тоне подлабоко во нашата планета.
Иако овој феномен не е причина за загриженост, тој додава фасцинантен слој на научното разбирање на динамичните геолошки системи на Земјата.
Разбирање на кратоните и литосферското капење
Споменатиот феномен на литосферското капење се случува кога Земјината кора ќе достигне одредена температура. Како што се топи кората, стопената карпа формира капки кои стануваат доволно тешки за да се одвојат и да паднат подлабоко во внатрешноста на планетата.
Посебна област на интерес овде е кратонот, односно стабилен дел од Земјината кора кој во голема мера останал непроменет со милијарди години. Се верува дека кратоните се јадрата околу кои се формираат континентите. Постојат околу 35 познати кратони под површината на Земјата.
Наоди од истражувањето
Научниците предводени од сеизмологот Junlin Hu од University of Science and Technology of China, предходно на University of Texas, користеле сеизмички податоци за да ја испитаат Земјината кора под Северна Америка. Нивната студија користела компјутерски модел за да создаде томографска карта, нудејќи увид во варијациите во дебелината и густината на кората.
Поради употребата на овој метод со целосен брановен облик, имаме подобра претстава за оваа важна зона помеѓу длабоката обвивка и поплитката литосфера, вели Thorsten Becker, геофизичар од University of Texas и еден од авторите на студијата, објавена во списанието Nature Geoscience.
Студијата сугерира дека истенчувањето на кратонот под Среден Запад на САД може да биде поврзано со литосферско капкање, влошено од тековите на мантијата пренасочени со субдукција на древната тектонска плоча Farallon. Овој процес трае милиони години, а поголемиот дел од плочата сега се наоѓа во долната обвивка на Земјата.
Многу долг процес
Иако овој процес се случува под Средниот Запад, неговите ефекти се протегаат низ целиот северноамерикански кратон. Меѓутоа, со оглед на временските размери од милиони до милијарди години, веројатно нема да влијае на човечкиот живот за генерациите што доаѓаат.
Извор: Science Alert