Го истражувале Loch Nessи наишле на необично откритие !

721

Додека „Boaty“, како што го нарекуваат научниците, го истражувал Loch Ness, нешто неочекувано се заплеткало во неговиот пропелер.

Шкотското езеро Loch Ness со години ја скокотка фантазијата и на научниците и на обичните луѓе. Приказните за чудовиште кое живее во ова големо и длабоко езеро поттикнале бројни сериозни научни истражувања, но откриле и бројни измами.

Но, она што откри научната експедиција на британскиот национален океанографски центар ги изненади сите.

Не го очекувавме ова, изјави инженерот за роботика Sam Smith во соопштението за печатот.

Имено, тој и неговиот тим пуштиле во езерото подморница без екипаж како дел од истражувањето на подводниот свет. Подморницата наречена „Boaty McBoatface“ е опремена со цела палета на чувствителни океанографски инструменти и им овозможува на научниците да го видат чувствителниот екосистем и влијанието на климатските промени врз него.

И додека „Boaty“, како што го нарекуваат научниците, го истражувал Loch Ness, нешто неочекувано се заплеткало во неговиот пропелер.

Кога го извлекле „Boaty“ на површината, во неговиот пропелер пронашле врвка на чиј крај имало пластична цевка со камера внатре. Изненадени, научниците почнале да истражуваат за што се работи и дошле до неверојатна информација.

Пред речиси 55 години, биологот од University of Chicago, Roy Mackal, потопил неколку „фотостапици“ во Loch Ness кои требале да „фатат“ можно чудовиште од езерото. „Замките“ се состоеле од кабел кој требало да делува како активатор на камерата во дебел пластичен цилиндар.

Се работи за мошне паметна фото-замка составена од камера Instamatic со вграден блиц, која прави четири фотографии во моментот кога нешто ќе го повлече конецот. Неверојатно е тоа што куќиштето успеало да ја одржи камерата сува во изминатите 55 години и до длабочина од 130 метри на дното на езерото, забележа натуралистот Adrian Shine, кој им помогнал на научниците да утврдат за што точно се работи.

Научниците потоа го развиле филмот од камерата, но, за жал, не нашле никаква трага од чудовиштето од Loch Ness. Но, затоа пронашле неверојатни фотографии од длабокото, темно езеро.

Со оглед на тоа дека Mackal, кој ги инсталирал камерите, во меѓувреме починал, научниците не можеле да му ги вратат камерата и фотографиите. Затоа, тие биле предадени во центарот на Loch Ness каде ќе бидат складирани и презентирани пред посетителите како увид во тајните на Loch Ness.

Извор: USA Today