Мажите се навикнати да “командуваат” во кревет. Тие си кажуваат што сакаат, бараат, насочуваат или во најлош случај директно делуваат.
Тоа до одреден степен ги прави егоисти, кога не се заинтересирани што сака нивната партнерка. А ако и таа е навикната да премолчува, тогаш ги имаме сите предуслови за еден незадоволителен, дури и болен секс.
Колку од следните моменти сте ги доживеале/преживеале и сега?
1. Кога тој поминува директно кон акција без вие да сте подготвени за пенетрацијата. Доживувањето е директно болно за жената, бидејќи таа нема никакво подмачкување таму долу. Господа, ви требаат точно неколку минути, за да ја возбудите партнерката. И да, треба да се позанимавате малку со вагината, инаку не може.
2. И никогаш не ве прашува што сакате … Или мисли дека знае сè, или не му е гајле како се чувствувате и дека ви е добро. И во двата случаи ситуацијата не е добра.
3. Кога ви фрла убиствен поглед кога ќе го прашате за кондом. Како да ви прави услуга, а вистината е дека сепак некој мора да мисли со горната глава.
4. Кога сепак започнува разговор како кондомите ја убиваат желбата и чувствителноста, барајќи да направите исклучок за него. Не се врзувајте. Објаснете му дека болестите кои се сексуално преносливи и несаканата бременост исто “не се чувствуваат добро”.
5. И за капак тој продолжува да ве моли да пробате “за 1-2 секунди” без. Или во современа варијанта: “Само да влезе врвчето!”
Продолжува на страна 2



















